Витраж – Tiffany техника
Сакате да додадете елеганција и убавина во вашиот дом или работен простор? Тогаш одлучете се за Витраж - прекрасна и колоритна уметничка техника.
Витражот се изработува со користење на мали парчиња обоено стакло кои потоа се спојуваат со бакарна фолија и лемење за да се создадат уникатни и сложени дизајни.
Без разлика дали сакате витражна светилка во стилот на Тифани, прозорци, врати, кутии за накит, рамки за слики или имате некоја друга идеја, ние можеме тоа да го направиме за Вас… можностите се бесконечни. Контактирајте не’ и дознајте повеќе за оваа безвременски убава техника!